Согласно Член 21 од важечкиот ПРАВИЛНИК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КАРАТЕ КЛУБОВИ И НАТПРЕВАРУВАЧИ, натпреварувачите кои сакаат да го променат клубот во кој членуваат, тоа може да го сторат согласно одредбите од Правилникот и тоа во термините кои се определени како преодни рокови
Карате федерацијата на Македонија на свеченост во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги избра најдобрите за 2022 година. Бронзениот од Европското првенство, Петар Спасеновски е избран за најдобар каратисти на Македонија во борби, додека Вероника Костовска го доби признанието кај дамите
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на свеченоста по повод доделување на признанијата НАЈУСПЕШНИ ВО КАРАТЕ СПОРТОТ ЗА 2022 ГОДИНА. Настанот че се одржи на 08.јануари 2023 годиан со почеток во 13:00 часот во амфитеатарот при Универзитетот за туризам и менаџмен во Скопје.
Изминатите два викенда, на ден 26.11 во салата „Младост“ во Гостивар како и на 04.12.2022 година во салата „Работнички“ во Скопје, се одржаа Државното изборно првенство и Плеј оф натпреварите за кадети, јуниори и помлади сениори У21. На Државното изборно првенството беа пријавени вкупно 48 клубови со 220 пријави на натпреварувачи
Двата освоени сребрени медали на Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на 12-тото Светско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 26-30.10.2022 година во Коња, Турција
На прес конференцијата по настапот на младинската репрезентација на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора, селекторот за помлади сениори У21 во борби Александар Кузмановски го изрази своето задоволството
На Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора, македонската младинска репрезентација постигна уште еден значаен успех освојувајки 12 медали од кои: 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали
На последниот ден од Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сеноири У21, настапија двајцата наши натпреварувачи кој во финалето во категорија -84 кг настапи Витомир Трајковски против италианецот Фиоре Матео иако го даде својот максимум не беше доволно да извојува победа и да освои златен медал , на крај резутатот заврши 4-1 за италианскиот репрезентативец . Витомир Трајковски е вицешапион на Свет во карате во својата категорија
Одлични вести на третиот ден од Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува во Коња, Турција. Нашите репрезентативци во У21 категориите во -84 кг на Витомир Трајковски и во +84 кг на Стефан Стојановиќ двајцата успеаа да се изборат во финале на најелитното младинско првенство во светот.
На вториот ден од одржувањето на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, нашата натпреварувачка Михаела Мишковска во категорија -53 јуниори освои 7-мо место, додека Лупче Михајлов во категорија -68 јуниори го освои 9-тото место
Врз основа на член 28, став 1, 2 и 4 од Статутот на Карате федерацијата на РС Македонија, на ден 15.10.2022 година, во салата на домот „Даре Џамбаз“ се одржа Вонредно Собрание на КФРСМ на кое се гласаше за доверба на претседателот на КФРСМ
Со цел да се овозможи пристап во работата на Вонредното Собрание на КФРСМ, со помош на Македонскиот олимписки комитет обезбеден е пренос на следниот линк
Во салата при ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје денес се одржа заеднички тренинг пред претстојното светско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 26-30.10.2022 година во Коња, Турција
По предлог на претстедателот на Kарате федерација на РС Македонија, г. Петар Белистојаноски и подржано од членовите на извршниот одбор, изгласано е ЦЕЛОСНО финансирање на натпреварувачите-репрезентативците кои ќе учествуваат на светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кое ќе се одржи од 26-30.10.2022 во Коња, Р. Турција
Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, на ден 24.09.2022 година, се одржа натпреварот „Куп на Македонија“ за кадети, јуниори и помлади сениори У21. Овој натпревар беше критериумски за определување на репрезентативци за настап на светското првенсво во карате што ќе се одржи од 26 - 30 октомври 2022 година во Конија, Турција
Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на РС Македонија во периодот од 16.09 до 18.09.2022 година во Скопје се одржа летниот судиско-тренерски семинар за 2022 година. Предавач на семинарот беше нашиот истакнат светски судија Боби Војдиновски
Денес во салата при ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје се одржа заеднички тренинг под наслов „Ден за карате“. На истиот беа поканети сите клубови членки на Карате федерацијата на РС Македонија заедно со своите тренери и натпреварувачи од сите возрасни категории
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес оствари средба со каратистот Љупчо Михајлов кој освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка
Освојувачот на бронзениот медал, 16-годишниот Љупчо Михајлов, на денешната прес-конференција по повод освоениот бронзен медал во категоријата јуниори до 68 кг. на 49-то Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка, има цел да се пласира во финалето на следното Светско првенство во Турција
Љупче Михајлов во тежинската категорија -68 кг. освои бронзениот медал во јуниориска конкуренција откако го совлада Август Рамос од Италија со резултат 3:1
Македонскиот каратист Петар Спасеновски кој освои бронзен медал на неодамнешното Европско првенство во Газиантеп, Турција е оптимист дека на следното големо натпреварување може да освои злато
Еден од најдобрите македонски каратисти, го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се одржа во Газиантеп, Турција. Тој во борбата за бронзата во категоријата до 84 килограми Мурат Оз славеше со 2-0
Во спортската сала „Младост“ во Гостивар се одржа Државното првенство на Македонија за деца како и дополнение на Државното првенство за кадети, јуниори и постари јунири У21
Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје на ден 12 март 2022 година (сабота), се одржа Државното првенство за сениори. На првенството беа пријавени вкупно 29 клубови со 88 пријавени натпреварувачи
Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на Македонија во периодот од 28.01 до 30.01.2022 година во Скопје се одржа судиско-тренерски семинар. Предавач на семинарот беше истакнатиот светски судија од Србија, г-динот Милан Ковачевиќ
Со примена на сите мерки за заштита од COVID-19 препишани од надлежното Министерство за здравство, на 29 јануари 2022 година во главната сала при домот „Даре Џамбаз“ во Скопје
Карате федерацијата на Македонија традиционално и оваа година ја организираше свеченоста Избор на најдобрите во карате спортот, на која се доделија признанија на најдобрите клубови, тренери и спортисти за остварениот резултат во изминатата 2021 година
И овогодинешниот избор на најдобри спортисти за 2021 година организирано од страна на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, не остана без номинации од Карате федерацијата на Македонија
На ден 04.12.2021 година (сабота) во Гостивар се одржа државниот изборен турнир за кадети, јуниоири и постари јуниори У21. На турнирот настапија 213 натпреварувачи од вкупно 46 клубови
Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство кое се одржува во Дубаи. Тој во финалето немаше сила против актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот, Стивен Да Коста каде беше поразен со 8-0
Емил Павлов испиша историја на Светското првенство во Дубаи откако се пласираше во финалето во категоријата до 67 килограми каде за противник ќе го има Стивен да Коста од Франција. Павлов во полуфиналето славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен бидејќи борбата заврши 3-3
Македонската карате репрезентација, која ќе биде дел од 25то Светско сениорско првенство, одржа прес конференција во конгресната сала при Македонскиот олимписки комитет пред поаѓањето за Дубаи каде од 16 до 21 ноември ќе се одржи планетарниот собир
Во спортската сала „Партизан“ во Кавадарци се одржа Државното првенство на Македонија за деца, на кое учествуваа 228 натпреварувачи од вкупно 46 клуба со вкупно 257 пријави
Во салата при карате клубот „Макпетрол“ во населбата Влае, во пресрет на Светското првенство за сениори што ќе се одржи од 16-21.11.2021 година во Дубаи, ОАЕ денес се одржаа првите тренинг натпревари со натпреварувачите во дисциплината борби
Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје на 26 септември 2021 година (недела), се одржа Државното изборно првенство за сениори. На првенството вкупно беа пријавени 25 клубови со 94 пријави на натпреварувачи
По повод настапот на нашата најдобра каташка Пулексенија Јованоска на олимписките игри „Токио 2020', пристигна признание и од првиот човек на WKF Антонио Еспинос
Во време - невреме на пандемија, има и ретки светли примери кои покажуваат дека можеме дури и кога е најтешко и најнеизвесно да ги реализираме високите цели и амбиции.
Македонската карате-репрезентација се врати од 48. Европско првенство (ЕП) за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21 година), што се одржа изминатиот викенд во Тампере, Финска
Делегацијата на КФМ се врати во земјава, по извонредните резултати постигнати на европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21). Делегацијата беше пречекана од претставници на ИО на КФМ, тренери и спортисти од повеќе наши клубови, како и членови на нивните семејства
Младите македонски каратисти настапија на првиот ден на 48-то европско првенство во карате што се одржува во Тампере, Финска, каде што се натпреврауваат околу 1000 млади каратисти од 45 држави
Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на младинската репрезентација за 48то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори кое што ќе се одржи од 20-22.08.2021 година во Тампере, Финска
Натпреварувачите кои ќе настапат на ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Тампере, Финска одржаа втор заеднички тренинг на ден 15.08.2021 година. Тренинзите и овој пат се одржаа во салата при ООУ „Гоце Делчев“, Во Скопје