< назад

Обезбедено финале на Европското првенство во Грузија, Тбилиси

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 нашиот репрезентативец Витомир Трајковски во категоријата У21 обезбеди финале по дуелот со босанецот Халил Салиловиќ со резултатат 2:1 за Витомир.

Претходно Витомир во првото коло го победи италијанецот Лучиани Давиде со 3:2, во второто коло го победи претставникот од Албанија Мелос Гаши со 1:0, во третото коло го победи независниот натпреварувач Микита Сакивон со 6:1.

Финалето ќе биде во текот на утрешниот ден против претставникот од Ерменија Нерсисиан Гор