< назад

Информација за пререгистрација на натпреварувачи за зимски преоден рок

Согласно Член 21 од важечкиот ПРАВИЛНИК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КАРАТЕ КЛУБОВИ И НАТПРЕВАРУВАЧИ, натпреварувачите кои сакаат да го променат клубот во кој членуваат, тоа може да го сторат согласно одредбите од Правилникот и тоа во термините кои се определени како преодни рокови.

Преодните рокови се:
- од 15 јануари 00:00 часот до 30 јануари 24:00 часот (зимски преоден рок),
- од 15 јуни 00:00 часот до 30 јуни 24:00 часот (летен преоден рок).

За регистрација на натпреварувач кој го менува клубот, во канцеларијата на КФРСМ, клубот доставува:
- Пријава за регистрација;
- Два натпреварувачки картони заверени од клубот во кој преминува натпреварувачот со две фотографии;
- Изјава на натпреварувачот дека сака да го промени клубот во два примерка;
- Исписница или доказ дека е побарана исписница (барање за исписница заверено од клубот или доказ за препорачано писмо до клубот со копија од барањето според член 17 од Правилникот).

Во случај на постоење на претходен договор меѓу клубот и натпреварувачот доказ за извршена уплата за обештетување предвидена според тој договор.
Доколку помеѓу новиот клуб и натпреварувачот постои договор, истиот се потпишува во три примероци, од кои еден се доставува во КФРСМ, заради евиденција.

Во случај на оспорување на преминот од страна на матичниот клуб се применуваат одредбите од правилникот за обештетување.
Според Член 8 од истиот Правилник, натпреварувачот има право на настап од денот на регистрацијата од страна на комисијата.