Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид на ден 31.08.2024 година се одржа Државното првенство „Куп на Македонија“ за кадети, јуниори и помлади сениори У21, на кое беа пријавени 203 натпреварувачи од вкупно 44 клуба. Победниците со најмногу вкупно постигнати бодови од ова првенство како и од Плеј оф натпреварот кој ќе се одржи на 07.09.2024 година во Кичево, ќе се стекнат со право да настапат на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 09-13.10.2024 година во Венеција, Италија.
На општо задоволство на сите присутни на ова значајно првенство беше присутен и Министерот за внатрешни работи господинот Панче Тошковски кој на дел од победниците им честита за постигатите резултати и им посака успешен настап на Светското првенство во Венеција.
Резултатите од Купот на Македонија можете да ги проследите на следниот линк:
Ранг листата на најдоборо пласираните на ова првенство може да се погледне на следниов линк: