< назад

Одржан зимскиот судиско-тренерски семинар

На 27 и 28 јануари во организација на Федерацијата се одржа зимскиот судиско тренерски семинар. На првиот ден од семинарот беше организирано предавање за тренерите и судиите. На овој семинар успешно положија теоретски и практично 5 судии во кати и борби. Тројца нови судии, положија за првата лиценца Приправник во кати и борби и 2 судии ги надградија своите лиценци во кати и борби, односно ја положија највисоката државна лиценца во кати и трета по ред лиценца во борби. 

ДАМЈАН РИСТЕСКИ А лиценца КАТИ
ДАМЈАН РИСТЕСКИ ЛА лиценца  БОРБИ
СТЕФАН  СТОЈАНОВСКИ А лиценца КАТИ
СТЕФАН  СТОЈАНОВСКИ ЛА лиценца БОРБИ
ЈОВАНА ТАЛЕСКА ПРИПРАВНИК  КАТИ
ЈОВАНА ТАЛЕСКА ПРИПРАВНИК БОРБИ
АНДРЕА АЛЕКСОВСКА ПРИПРАВНИК КАТИ
АНДРЕА АЛЕКСОВСКА ПРИПРАВНИК БОРБИ
ДИМИТАР  АРСОВ ПРИПРАВНИК КАТИ
ДИМИТАР  АРСОВ ПРИПРАВНИК  БОРБИ

Практичниот дел од полагањето беше спроведен во салата при ОУ „Гоце Делчев“ во нас. Лисиче, каде судиите исто така спроведоа и судење на тренинг мечевите од младинската репрезентација која воедно го реализираше вториот заеднички тренинг пред настапот за Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениору У21 што ќе се одржи од 09-11.02.2024 година во Тбилиси, Грузија.