< назад

Младинските Државно и Плеј оф првенства ги определија натпреварувачите за настап ЕП во Грузија

Во салата „Антон Димитров“ во општината Бутел изминатите два викеднда се одржаа двете првенства за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кои ги определија репрезентативците кои ќе настапат на следното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што ќе се одржи од 09-11.02.2024 година во Тбилиси, Грузија.

Пред почетокот на овие два првенства, градоначалникот на општината „Бутел“, Дарко Костовски кој даде голема поддршка за реализација на овој настан го отвори првенството, на сите учесници им посака успех а на најдобрите натпреварувачи достојно да ги одбранат боите на Република Македонија.

На Државното првенство кое се одржа на 04.11.2023 година настапија над 250 натпреварувачи, на кое се определија и репрезентативци кои се стекнаа со право и најголем дел од нив и ќе настапат на Балканското првнство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое ќе се одржи од 17-19.11.2023 година во Љубљана, Словенија.

Понатаму следеше Плеј оф првенството кое се одржа на 11.11.2023 година од кое произлегоа победници во секоја категорија кои се стекнуваат со право да настапат на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 09-11.02.2024 година во Тбилиси, Грузија.

Ранг листата изготвено од Натпреварувачката комсија од овие две првенства може да се погледне на следниот линк.

Резултатите од Државното првенство за кадети јуниори и помлади сениори може да ги погледнете на следниот линк