Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на Македонија во деновите од 30.08 и 01.09.2024 година во Охрид се одржа судиско-тренерски семинар. На 30 август, беше одржано предавањето во просториите на спортскиот центар Билјанини извори.
Предавањето го одржа нашиот најдобар судија Боби Војдиновски, со помош на членовите на Судиската комисија.
На предавањето, кое беше на високо ниво, се разработија сите правила и новости и тоа беше една прекрасна презентација за судиите и тренерите, се објаснија многу нејаснотии од правилникот за карате натпреварувања.
На 1ви септември беше спроведено тестирање и практичниот испит за нови судии како и за судии кои ја подигнуваа и обновуваа својата лиценца. Се здобивме со неколку нови судии и во следниот период ќе се работи за зголемување на бројот на судиите за потребите на Федрацијата.