1. Образец: Барање за пристап до информации од јавен карактер
2. Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
3. Посредување на информации
Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за:
- основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на веб страницата;
- начинот на поднесување на барање за пристап до информации;
- прописи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило;
- предлог на програми, програми, стратегии, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации;
- сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон:
- податоци за неговите надлежности утврдени со закон;
- организацијата и трошоците на работењето, како и за давањето на услуги на граѓаните во управната постапка и за своите активности;
- издавање на информативни билтени и други облици на информирање;
- интернет страницата за објавување на одлуки, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и
- други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации.
- Секој имател на информации е должен да овозможи бесплатен пристап до информациите од ставот (1) на овој член.