Завршни подготовки на сениорската репрезентација пред настап на ЕП во Гвадалахара, Шпанија
Македонската сениорска репрезентација која ќе настапи на 58то Европско првенство за сениори, кое годинава од 22-26 март ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија, одржа заеднички подготовки со црногорската репрезентација од 14-17.03.2023 година во Бар, Црна Гора
СООПШТЕНИЕ!
Карате Федерацијата на Македонија ја информира спортската јавност дека за репрезентативците Емил Павлов, Вероника Костовска и Петар Спасеноски ќе бидат целосно подмирени трошоците за престојното ЕП за сениори кое ќе се одржи во периодот од 23-26.03.2023 година во Гвадалахара, Шпанија, а согласно Правилникот за наградување на спортистите при КФРСМ
Одржано Плеј оф првенсто за сениори
Во салата „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во Скопје денес се одржа и Плеј оф натпреварот за сениори
Пренос од Ппеј оф првенството за сениори 25.02.2023 година
Плеј оф првенството за сениори што ќе се одржи на ден 25.02.2023 година во салата „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во Скопје, ќе биде пренесувана во живо на стриминг телевизијата на Македонскиот олимписки комитет
Информација од одржаното Државно првенство за сениори 2023
На ден 18.02.2023 година во салата „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во Скопје се одржа Државното првенство за сениори
Пренос од Државното првенство за сениори 18.02.2023 година
Државното првенство за сениори што ќе се одржи на ден 18.02.2023 година во салата „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во Скопје, ќе биде пренесувана во живо на стриминг телевизијата на Македонскиот олимписки комитет
Одржано годишно Собрание на КФРСМ за 2022 година
Карате федерацијата на РС Македонијата, на 11 февруари 2023 година, во просториите на Универзитот за туризам и менаџмент во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание
Зимски судиско - тренерски семинар - 2023
Согласно правилникот за работа на СК на КФРСМ, во периодот од 10 до 12.02.2023 беше реализиран зимскиот редовен судиско-тренерски семинар. Истиот беше уредно најавен и се изведе во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
Претседателот Белистојаноски потпиша Меморандум за соработка со УТМС
Претседател, Петар Белистојаноски денес потпиша меморандум за соработка со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски
Прием кај директорот Мојсовски по освоените бронзени медали на Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски на ЕП во Ларнака, Кипар
По повод успешниот настап на нашите репрезентивци на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што се одржа од 03-05 февруари 2023 година во Ларнака, Кипар, односно двете освоени бронзените медали на Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, како и високото петто место на Викторија Јовановски, беше вистинска причина за денешниот прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Наумче Мојсовски
Две бронзи од Европското првенство за кадети, јуниори и У21 што се одржа во Ларнака, Кипар
На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сеноири У21, што се одржуваше од 03-05 февруари 2023 година во Ларнака, Кипар, репрезентативците во дисциплината У21 кумите -84 и +84 Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, освоија бронзени медали
Едукативен семинар на тема Анти-Допинг
Карате федерацијата на РС Македонија во соработка со Националната Анти-Допинг комисија при Агенцијата за млади и спорт, на ден 28.01.2023 година (сабота) во 16:30 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје организираше едукативен семинар на тема Анти-Допинг
Информација за пререгистрација на натпреварувачи за зимски преоден рок
Согласно Член 21 од важечкиот ПРАВИЛНИК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КАРАТЕ КЛУБОВИ И НАТПРЕВАРУВАЧИ, натпреварувачите кои сакаат да го променат клубот во кој членуваат, тоа може да го сторат согласно одредбите од Правилникот и тоа во термините кои се определени како преодни рокови
Спасеновски и Костовска најдобри каратисти на Македонија за 2022 година
Карате федерацијата на Македонија на свеченост во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги избра најдобрите за 2022 година. Бронзениот од Европското првенство, Петар Спасеновски е избран за најдобар каратисти на Македонија во борби, додека Вероника Костовска го доби признанието кај дамите
НАЈУСПЕШНИ ВО КАРАТЕ СПОРТОТ ЗА 2022 ГОДИНА
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на свеченоста по повод доделување на признанијата НАЈУСПЕШНИ ВО КАРАТЕ СПОРТОТ ЗА 2022 ГОДИНА. Настанот че се одржи на 08.јануари 2023 годиан со почеток во 13:00 часот во амфитеатарот при Универзитетот за туризам и менаџмен во Скопје.
Одржано Државното изборно првенство и Плеј оф за кадети, јуниори и помлади сениори У21
Изминатите два викенда, на ден 26.11 во салата „Младост“ во Гостивар како и на 04.12.2022 година во салата „Работнички“ во Скопје, се одржаа Државното изборно првенство и Плеј оф натпреварите за кадети, јуниори и помлади сениори У21. На Државното изборно првенството беа пријавени вкупно 48 клубови со 220 пријави на натпреварувачи
Прием кај директорот Мојсовски по освоените сребрени медали Стефан и Витомир на Светското првенство во Коња, Турција
Двата освоени сребрени медали на Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на 12-тото Светско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 26-30.10.2022 година во Коња, Турција
Прес конференција за Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 - Бар, Црна Гора
На прес конференцијата по настапот на младинската репрезентација на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора, селекторот за помлади сениори У21 во борби Александар Кузмановски го изрази своето задоволството
Успешен настап на Балканското првенство за кадети, јуниори и У21 во Бар, Црна Гора
На Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора, македонската младинска репрезентација постигна уште еден значаен успех освојувајки 12 медали од кои: 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали