Со длабоко жалење ве известуваме дека почина Игор Лазарев.
Карате федерацијата на Македонија загуби признат спортски работник, истакнат карате судија со највисока светска лиценца, кој даде значаен придонес во развојот и популаризацијата на карате спортот.
Игор беше искрен вљубеник во карате спортот кој што најпрофесионално ја извршување судиската работа. Работеше неуморно и посветено на секое ниво. Секаде беше ценет и служеше за пример за еден врвен професионален судија.
Со прераното заминување на Игор Лазарев загубија сите, од многубројните пријатели во каратето во Македонија но и во светот. Сите ние кои сме во каратето денес сме со него во мислите и тажни поради оваа огромна загуба. Ќе го паметиме како човек со цврст карактер, ентузијазам, посветеност, но пред се, како позитивна личност.
Нека ти е вeчна слава, Игор Лазарев.
Почивај во мир !