< назад

Гевгелија домаќин на Државното првенство за деца 2024

Во спортската сала „26ти Април“ во Гевгелија на ден 27.04.2024 година се одржа Државното првенство за деца, на кое учествуваа 310 натпреварувачи од вкупно 48 клуба.

Салата „26ти Април“ и општината Гевгелија како град допринесоа за високиот квалитет на турнирот и ја потврдија довербата да бидат домаќини.

На Државното првенство беше присутен и претседателот на Карате федерацијата на РС Македонија, Дејан Чолески како и градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов, кој го отвори првенството а на сите натпреварувачи им посака успех во нивната спортска кариера.

Најуспешните 6 натпреварувачи од ова Државно првенство ќе се стекнат со право за учество на Балканското првенство кое оваа година ќе се одржи во Истанбул, Турција во периодот од 31 мај до 02 јуни.

Резултатите од Државниот турнир за деца можете да ги проследите на следниот линк:

https://www.sportdata.org/karate/set-online/popup_main.php?popup_action=results&vernr=8220&active_menu=calendar