< назад

И двата тима се закитија со бронзени одличја на последниот ден од Балканското првенство за сениори

Националниот состав заврши со своите настапи на Балканското карате првенство за сениори и ветерани што се одржуваше од 23-25 февруари 2024 година во Подгорица, Црна Гора. Вкупно освоени се седум бронзени медала а на последнио ден и машкиот и женскиот кумите тим освоија бронзени медали.

Машкит тим загуби од Србија 0-3, а за бронзениот медал славеше над Босна и Херцеговина 3-0.

Женскиот кумите тим се бореше нерешено со Словенија 2-2, но ги продолжи борбите во полуфиналето каде што загубија од Босна и Херцеговина 0-8, а во борбата за бронзениот медал славеа над Србија 2-0.

Претходно со бронзени медали се закитија Емил Палов, Вахик Весели и Љупче Михајлов а од девојките Викторија Јовановска и Вероника Косотовска освоија бронзени медали во категоријата до 61 килограм.

Преостануваат уште настапите во екипна конкуренција.

На Балканското настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Резултати – Балканско првенство:

Машки кумите тим (Мијахлов, Мисини, Павлов, Мурати, Трајковски, Заборски и Божовиќ)

Македонија – Србија 0-3
За бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 3-0

Женски кумите тим (Јовановска, Костовска, Мицовска и Мојсовска)

Македонија – Словенија 2-2
Полуфинале
Македонија – Босна и Херцеговина 0-8
За бронза
Македонија – Србија 2-0