Последни вести
Вест

Македонски судии со нови европски лиценци од WKF

19 февруари 2026kfm1 мин. читање2 прегледи
Голем успех за македонското карате судење! По успешно положените испити на последниот WKF судиски семинар, тројца наши врвни судии се стекнаа со нови европски лиценци за судење во ката и кумите според најновите правила на Светската карате федерација (WKF): Никола Атанасовски – Judge B Kata & Kumite Климентина Војдиновска – Referee A Kumite Емир Ќосовиќ – Referee B Kumite Овие лиценци претставуваат највисоко признание за нивниот долгогодишен труд, посветеност и висок професионализам во судиската дејност. Особено горди сме што токму пред претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и У21 во Лимасол, Кипар (6-8 февруари 2026), нашите судии ќе имаат можност да го претставуваат македонското карате на највисоко ниво и на судиската сцена. Честитки до Никола, Климентина и Емир за овој извонреден успех! Вие сте вистински амбасадори на македонското карате и инспирација за идните генерации судии. Продолжете да не правите горди!
Објава

Министерот за спорт го пречека светскиот шампион Марко Џорлев – историски успех за македонското карате

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во просториите на Министерството за спорт го пречека младиот македонски каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе освоениот златен медал на Светското првенство за…

21 окт 2026

Објава

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонскиот репрезентативец го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарскиот каратист Адам Баги. Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се…

17 окт 2026

Објава

Реџеп Рушити ќе се бори за бронзен медал на Светското првенство, Филип Стојанов на чекор до висок пласман

Македонскиот репрезентативец Реџеп Рушити со одлични борби во репасажот обезбеди настап во мечот за бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У21 во Бјелско-Бјала, Полска. Рушити, кој настапува во…

15 окт 2026