
Металург
Скопје, Македонија
Нашата мисија е да создадеме силни, дисциплинирани и сигурни каратисти преку тренинг, почит и спортски дух. Металург е дом на шампиони, со врвни тренери, долгогодишна традиција и силна заедница.
Карате клубот Металург е еден од водечките карате клубови со долгогодишна традиција, врвни тренери и бројни освоени медали. Нудиме тренинзи за деца, младинци и возрасни, според WKF светски стандарди.
За клубот
Клубот е формиран во 1969 година, во рамките на тогашниот Центар за спорт и рекреација при рудници и железарница „Скопје“, кој е и основач на клубот, како дел од тогашното спортско друштво Металург. Иницијатор и прв тренер е Стефанчо Крстевски.
Клубот ги одржува тренинзите во салата на ММУЦ „Панче Арсовски“ во Автокоманда, Скопје. Металург е повеќекратен првак на Македонија, а на меѓународни првенства бројни негови членови, бранејќи ги боите на Македонија, постигнале врвни спортски резултати. Меѓу највредните се медалите освоени на европски (ЕП), светски (СП) и универзитетски првенства — во поединечна и во екипна конкуренција.
Под водство на сенсеи Мирче Јанушевски, доволно е да се споменат сребрениот медал на Иво Цветковски на ЕП за сениори во 2007 година во Братислава, бронзениот медал на Огнен Груевски на ЕП во Атина во 2010 година, бронзата на Мартин Несторовски на ЕП за сениори во Истанбул во 2015 година, како и бронзата на Европските игри во Баку истата година. Медали се освојувани и во кадетско–јуниорска конкуренција, како и во дисциплината кати.
Во 2019 година, на Светското првенство за кадети, јуниори и U21, Александар Неделковски го постигнува најдобриот резултат за Македонија во оваа категорија — високо 5-то место. Успеси се бележат и на Универзијадите, ЕП за региони, Балканијади и други меѓународни манифестации.
Од 2021 година клубот го водат: светскиот лиценциран тренер и натпреварувач Амир Беговиќ, европскиот бронзен медалист Огнен Груевски, и Румена Б. Беговиќ — со 10-годишно тренерско искуство и повеќекратни државни титули во кумите.
Од 2003 година, функцијата претседател на клубот мошне успешно ја врши Снежана Сиљановска.
Карате клубот Металург е еден од водечките карате клубови во државата, со долгогодишна традиција, врвни тренери и бројни освоени медали. Нудиме тренинзи за деца, младинци и возрасни, според WKF светските стандарди.
•Традиционално и спортско карате
•Лиценцирани тренери со висок Дан
•Натпреварувачи со медали
•Безбедна и мотивирачка средина
139 натпреварувачи582,33бод.