Политика за колачиња

Кои колачиња ги поставува оваа страница, за што служат и што можете да направите со нив.

Последно ажурирање: 4 септември 2026

1.Што се колачиња

Колачето е мала текстуална датотека што страницата ја зачувува во вашиот прелистувач. Служи страницата да „запамети“ нешто меѓу две отворања — на пример дека сте најавени или кој јазик сте го избрале.

2.Кои колачиња ги користиме

Оваа страница користи само неопходни колачиња. Не користиме колачиња за рекламирање, ниту за следење на посетители низ други страници.

КолачеЗа што служиТраењеВид
kfm_cookie_consentПамети дека сте го затвориле известувањето за колачиња, за да не се појавува повторно6 месециКолаче · неопходно
admin_token / club_tokenЈа одржува најавената сесија во администраторскиот и клубскиот порталДо одјава, најмногу 7 денаКолаче · неопходно
kfm_uiГо памети изборот помеѓу новиот и стариот изглед на сајтот1 годинаКолаче · неопходно
languageГо памети избраниот јазик на страницатаДодека не ја исчистите меморијата на прелистувачотЛокална меморија · неопходно
kfm_shop_cartГи памети производите во кошничката на продавницата додека не ја испратите нарачкатаДодека не ја исчистите меморијата на прелистувачотЛокална меморија · неопходно

3.Аналитика

Не користиме Google Analytics ниту сличен алат за следење на однесувањето на посетителите. Серверот води стандардни записи за пристап (IP адреса, време и побарана страница), кои се потребни за безбедност и за откривање дефекти, и се бришат по 30 дена.

4.Како да ги контролирате

Бидејќи ги користиме само неопходните колачиња, нема што да се исклучи без страницата да престане да функционира — без колачето за сесија, на пример, не може да останете најавени.

Сепак, во секој прелистувач можете да ги избришете или блокирате колачињата преку неговите поставки за приватност. Ако ги блокирате, најавата во клубскиот и администраторскиот портал нема да работи.

5.Повеќе информации

Како ги обработуваме личните податоци пошироко е опишано во Политиката за приватност. За прашања пишете на contact@kfm.com.mk.