Последни вести
Објава

Успешно одржан државниот изборен натпревар „Куп на Македонија“ за кадети, јуниори и У-21

10 септември 2026Карате Федерација на Македонија2 мин. читање1 прегледи

Во организација на Карате федерацијата на Македонија, успешно се реализираше државниот изборен натпревар „Куп на Македонија“ во дисциплините ката и кумите за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21). Натпреварот послужи како клучен изборен настан за формирање на репрезентацијата на Македонија за претстојното Светско првенство за кадети, јуниори и У-21, кое ќе се одржи од 14 до 18 октомври 2026 година во Бијалско-Бијала, Полска.

Свеченото отворање го одбележа присуството на градоначалникот на Општина Петровец, господинот Борче Митевски, кој со својот инспиративен говор им порача на каратистите да се натпреваруваат фер, да го дадат максимумот и со гордост да го носат дресот на своите клубови и држава. Неговите зборови беа топла поддршка за сите учесници и дополнителен мотив за квалитетни борби и настапи.

На натпреварот учествуваа најдобрите млади каратисти од клубови низ целата држава, а согласно постигнатите резултати, следниве натпреварувачи ги освоија првите места во своите категории и се издвоија како главни кандидати за репрезентативниот состав.

Победници по категории

Јуниори

- Кумите женски -66 кг: Мила Штериева (ШТИП-ШТИП).
- Кумите женски 66+ кг: Буна Села (ДИБРА-ДЕБАР).
- Кумите женски -48 кг: Катерина Јорданоски (БОНСАИ – ПРИЛЕП).
- Кумите женски -53 кг: Блина Горенца (ДИБРА-ДЕБАР).
- Кумите женски -59 кг: Душица Бреслиева (ШТИП-ШТИП).
- Кумите машки -55 кг: Блеарт Мемети (БАШКИМИ 2002-КУМАНОВО).
- Кумите машки -61 кг: Дамјан Митревски (КУНСУТО-СКОПЈЕ).
- Кумите машки -68 кг: Никола Митев (ШТИП-ШТИП).
- Кумите машки -76 кг: Џем Пашов (ШТИП-ШТИП).
- Кумите машки 76+ кг: Албин Али (КУШТРИМИ-СКОПЈЕ).
- Ката женски: Блерина Зендели (УСКАНА-КИЧЕВО).
- Ката машки: Кристијан Главинов (МАВЕРИК 2002-СКОПЈЕ).

Кадети

- Кумите женски -61 кг: Ана Марија Мишовска (КИЗАМЕ-СКОПЈЕ).
- Кумите женски 61+ кг: Ева Јовановска (КИЗАМЕ-СКОПЈЕ).
- Кумите женски -47 кг: Буна Шерифи (ШКЕНДИЈА-ТЕТОВО).
- Кумите женски -54 кг: Ерјона Емини (ШКЕНДИЈА-ТЕТОВО).
- Кумите машки -52 кг: Азем Аземи (БАШКИМИ 2002-КУМАНОВО).
- Кумите машки -57 кг: Матеј Крстовски (МЕТАЛУРГ-СКОПЈЕ).
- Кумите машки -63 кг: Марко Џорлев (ШТИП-ШТИП).
- Кумите машки -70 кг: Меритон Зејнели (МЕТАЛУРГ-СКОПЈЕ).
- Кумите машки 70+ кг: Немања Младеновиќ (МЕТАЛУРГ-СКОПЈЕ).
- Ката женски: Марија Димитриева (САНСАИ-КАВАДАРЦИ).
- Ката машки:  Верон Дервиши (УСКАНА-КИЧЕВО).

Екипно (Кадети–Јуниори)

- Ката екипно женски: Сансаи (САНСАИ-КАВАДАРЦИ).
- Ката екипно машки: Заншин До (ЗАНШИН ДО-БИТОЛА).

У-21

- Ката женски: Данка Стојкова (САНСАИ-КАВАДАРЦИ).
- Ката машки: Нуредин Дервиши (УСКАНА-КИЧЕВО).
- Кумите женски -50 кг: Наталија Карова (КОЧАНИ-КОЧАНИ).
- Кумите женски -55 кг: Илијана Серафимова (КИЗАМЕ-СКОПЈЕ).
- Кумите женски -61 кг: Кенза Фетаи (ШОГУН-СКОПЈЕ).
- Кумите женски -68 кг: Ера Коџа (ДИБРА-ДЕБАР).
- Кумите женски 68+ кг: Ердона Зибери (ФАТИ-ТЕТОВО).
- Кумите машки -60 кг: Цветан Маргаритов (БОТОНИ-СКОПЈЕ).
- Кумите машки -67 кг: Вукашин Јовановиќ (МАКПЕТРОЛ-СКОПЈЕ).
- Кумите машки -75 кг: Или Билали (БАШКИМИ 2002-КУМАНОВО).
- Кумите машки -84 кг: Реџеп Рушити (КУШТРИМИ-СКОПЈЕ).
- Кумите машки 84+ кг: Филип Стојанов (КИЗАМЕ-СКОПЈЕ).

Карате федерацијата на Македонија им честита на сите победници и учесници, а на избраните репрезентативци им посакува многу успех на Светското првенство во Полска, каде што ќе ја бранат боите на нашата држава.

Објава

Министерот за спорт го пречека светскиот шампион Марко Џорлев – историски успех за македонското карате

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во просториите на Министерството за спорт го пречека младиот македонски каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе освоениот златен медал на Светското првенство за…

21 окт 2026

Објава

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонскиот репрезентативец го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарскиот каратист Адам Баги. Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се…

17 окт 2026

Објава

Реџеп Рушити ќе се бори за бронзен медал на Светското првенство, Филип Стојанов на чекор до висок пласман

Македонскиот репрезентативец Реџеп Рушити со одлични борби во репасажот обезбеди настап во мечот за бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У21 во Бјелско-Бјала, Полска. Рушити, кој настапува во…

15 окт 2026

Успешно одржан државниот изборен натпревар „Куп на Македонија“ за кадети, јуниори и У-21 | Карате федерација на Македонија