Во досегашниот тек на вториот натпреварувачки ден, свои настапи имаа три македонски репрезентативки.
Во категоријата кадетки, во борби над 61 килограм, настапи Ева Јовановска, додека во конкуренција на помлади сениорки У21, во категоријата до 50 килограми, се натпреваруваше Наталија Карова. Свој настап имаше и Ана Марија Мишовска во категоријата кадетки до 61 килограм.
Нашите репрезентативки прикажаа солидни настапи, а во очекување сме на комплетирањето на резултатите во нивните категории, по што ќе биде познато дали некоја од нив ќе добие можност преку репасажот да се избори за пласман во борбата за бронзениот медал.
Нуредин Дервиши со својот настап успеа да се избори за репасаж каде успеа да се пласира на петтото место.
Реџеп Рушити во категоријата У21 до 84 килограми го освои златниот медал!!! Честитки Реџо!!!
Кенза Фетаи во категоријата У21 до 61 килограм го освои бронзениот медал!!! Честитки Кенза!!!
Филип Стојанов во категоријата У21 84+ го освои бронзениот медал!!! Честитки Фичо !!!
Дардан Алија избори петто место.
Гордан Божовиќ во категорија кадети +70 кг освои златен медал. Браво Божо!
Настапите на македонските репрезентативци продолжуваат, а информациите и резултатите ќе бидат редовно ажурирани.




