На 28 и 29 ноември 2026 година, во спортската сала „Крсте Мисирков“, при ООУ „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто, Општина Гази Баба, ќе се одржи Државното првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21, во организација на Карате Федерацијата на РС Македонија.
На првенството се пријавени вкупно 151 натпреварувач, кои ќе се натпреваруваат во 35 натпреварувачки категории, од вкупно 47 клубови, членки на Карате Федерацијата на РС Македонија.
Особено значење на ова државно првенство му дава фактот што истото воедно претставува и изборно првенство за состав на македонската карате репрезентација, која ќе ја претставува нашата држава на претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што ќе се одржи од 5 до 7 февруари 2027 година во Ереван, Ерменија.
Натпреварувачите ќе имаат можност преку своите настапи и остварените резултати да се борат за место во националниот тим и можност да ги претставуваат македонските бои на најголемата континентална сцена во нивните возрасни категории.
Карате Федерацијата на РС Македонија им посакува успешен настап на сите учесници, фер и спортско натпреварување, како и многу добри резултати.
Резултатите и текот на натпреварувањето во живо можат да се следат на официјалната страница на Sportdata на следниот линк




