Македонската карате репрезентација учествува на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21), кое се одржува од 6 до 8 ноември 2026 година во Истанбул, Република Турција.
На ова значајно регионално натпреварување, Карате Федерацијата на РС Македонија е претставена со вкупно 72 натпреварувачи, кои настапуваат во дисциплините кати и кумите, во индивидуална и екипна конкуренција.
Според официјалните пријави, македонските репрезентативци се пријавени за вкупно 77 натпреварувачки настапи, и тоа:
- 14 пријави во дисциплината кати;
- 58 пријави во дисциплината индивидуални борби – кумите;
- 5 екипни настапи во дисциплината кумите, во следните категории:
- Кадети – женски;
- Кадети – машки;
- Јуниори – машки;
- У21 – машки;
- У21 – женски.
Досегашни резултати на македонските репрезентативци
По досега одржаните натпреварувачки денови, македонските каратисти веќе забележаа значајни резултати и обезбедија пласмани во завршницата на повеќе категории.
Особено успешен настап бележат нашите репрезентативци во дисциплината кадети – кумите до 57 килограми, каде што Мерван Мемеди и Кирил Цветковски успеаја да се пласираат во борбите за бронзениот медал. На крајот Кирил Цветковски успеа да извојува победа и да го освои првиот бронзен медал за македонската репрезентација.
Во истата конкуренција, Азем Аземи и Рон Билјали не успеаја да извојуваат победа во борбите за бронзениот медал, па двајцата го освоија петтото место.
Одличен резултат постигна и Недим Шаќири, кој со успешните настапи успеа да се избори за пласман во финалето каде го освои златниот медал. Честитки за Недим!
Цветан Маргаритов во категоријата У21 до 60кг успеа да се избори за бронзен медал со резултат од 3:1 против натпреварувачи Исмаил Дидиќ од БиХ, додека Вукашин Стојановиќ исто така се бори за место на победничкиот подиум.
Дополнително, Арбер Пајазити успеа да се пласира во репасажот, од каде што ќе се обиде да обезбеди настап во борбата за бронзениот медал.
Овие резултати се потврда за квалитетот, посветеноста и натпреварувачкиот потенцијал на нашите млади каратисти, кои достојно ја претставуваат државата на ова балканско првенство.
Состав на македонската репрезентација
Репрезентативниот состав на Карате Федерацијата на РС Македонија го сочинуваат следните 72 натпреварувачи, подредени по азбучен редослед според личното име:
1. Адријан Симоновски
2. Азем Аземи
3. Аид Авдиу
4. Албин Али
5. Александар Божиновски
6. Амар Авдиу
7. Ана Марија Мишовска
8. Анастасија Смилеска
9. Ангела Милошевиќ
10. Андријана Крстеска
11. Арбер Пајазити
12. Блерина Зендели
13. Блина Горенца
14. Буна Села
15. Буна Шерифи
16. Ведран Лазарев
17. Верон Дервиши
18. Вукашин Јовановиќ
19. Гордан Божовиќ
20. Данка Стојкова
21. Дардани Алија
22. Дарин Куртановиќ
23. Дрини Хајредини
24. Душанка Ристова
25. Ева Јовановска
26. Егзона Ферати
27. Елена Јончевска
28. Ерјона Емини
29. Илијана Серафимова
30. Иса Елмази
31. Јован Арсов
32. Јована Илијоска
33. Каја Темелковска
34. Катерина Јорданоски
35. Кенза Фетаи
36. Кирил Цветковски
37. Леонид Белески
38. Лорик Бакија
39. Лука Златков
40. Максим Петрeски
41. Марија Јорданоски
42. Марија Велкова
43. Марија Димитриева
44. Марко Здравковски
45. Марко Филиповски
46. Матеј Крстовски
47. Мерван Мемеди
48. Меритон Зејнели
49. Михаил Алексoвски
50. Михаил Марковски
51. Надалина Талевска
52. Наталија Карова
53. Наум Велески
54. Недим Шаќири
55. Немања Младеновиќ
56. Никола Митев
57. Никола Трајков
58. Нина Апостоловска
59. Нуредин Дервиши
60. Омер Несими
61. Петар Вучевски
62. Реџеп Рушити
63. Рон Билали
64. Теодор Павловски
65. Теодор Стојаноски
66. Филип Стојанов
67. Филип Шемкоски
68. Хена Франгу
69. Христијан Стојановски
70. Цветан Маргаритов
71. Цвете Миланоска
72. Џем Пашов
Стручниот штаб и судиското претставување
За водство, подготовка и стручна поддршка на македонските репрезентативци на ова првенство задолжени се селекторите и тренерите: Неџби Дервиши, Стевка Јанковска Петковска, Амир Беговиќ, Димитар Илиевски, Вегим Мурати и Игорчо Каров.
Македонија има свои претставници и во судиската организација на првенството. Во делот на судењето учество зедоа нашите судии Благој Атанасов, Валентина Пурдеска, Димитар Арсов, Никола Атанасов, Ненад Андов, Стојан Илиевски и Петар Трајчевски, кои со своето учество придонесуваат за афирмација на македонското карате и на меѓународната судиска сцена.
Балканското првенство продолжува со натпреварите во преостанатите категории, а македонските репрезентативци ќе имаат можност да се борат за нови медали и високи пласмани.
Свечено отворање на првенството
Во текот на денешниот ден се одржа и церемонијата на свеченото отворање на првенството, на која свои поздравни обраќања имаа претседателот на Балканската карате федерација, г-дин Давор Ципек, генералниот секретар на Балканската карате федерација, г-дин Славољуб Пипер, како и домаќинот на ова првенство, претседателот на Турската карате федерација, г-дин Ерчумент Ташдемир.
Во рамките на свеченоста, на претседателот на Карате федерацијата на Македонија, г-дин Дејан Чолески, му беше врачена плакета за заслуги, како признание за неговиот придонес и ангажман во развојот и афирмацијата на каратето.
Карате Федерацијата на РС Македонија им посакува многу успех на сите наши репрезентативци и достоинствено претставување на државата.
Напред Македонија!




