< назад

Завршни подготовки на сениорската репрезентација пред настап на ЕП во Гвадалахара, Шпанија

Македонската сениорска репрезентација која ќе настапи на 58то Европско првенство за сениори, кое годинава од 22-26 март ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија, одржа заеднички подготовки со црногорската репрезентација од 14-17.03.2023 година во Бар, Црна Гора. Завршните подготовки се одржаа на 18.03.2023 година во салата Олимпик во Скопје каде присуствуваше и претседателот на Карате федрацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски.

Претседателот Белистојаноски пред заминувањето на спортистите во Шпанија им посака успех, да го дадат својот максимум и да постигнат најдобри резултати, на првенството на кое традиционално Македонија освојува одлични резултати.

На Европскиот шампионат се пријавени вкупно 548 спортисти од вкупно 48 земји, а Македонија ќе ја претставува 15 каратисти.

Список на македонските репрезентативци:

Мартина Арсовска, Ката сениори женски
Кристијан Бајовски, Ката сениори машки
Христијан Андриќ, ката екипно машки;
Александар Спасовски, ката екипно машки;
Давид Спасовски, ката екипно машки;
Теодора Цветкоска, Кумите сениори женски -50 кг.
Јована Георгиева, Кумите сениори женски -55 кг.
Вероника Костовска, Кумите сениори женски -61 кг.
Ангела Мојсовска, Кумите сениори женски -68 кг.
Бојана Манева, Кумите сениори женски 68+ кг.
Фахик Весели, Кумите сениори машки -60 кг.
Емил Павлов, Кумите сениори машки -67 кг.
Петар Заборски, Кумите сениори машки -75 кг.
Петар Спасеновски, Кумите сениори машки -84 кг.
Стефан Стојановиќ, Кумите сениори машки 84+ кг.