< назад

Завршни подготовки на нашите каратисти, за Светското првенство во Мадрид

Карате репрезентативците на Македонија се наоѓаат на подготовки во Штип, пресрет Светското првенство во Мадрид Шпанија. Тренинзите се одржуваат во салата Јордан Мијалков, при Универзитетот Гоце Делчев. 

Во посета на репрезентативците на Македонија беше претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, кој беше дел од еден тренинг, на кој тој им посака среќа и успешен настап на Светското првенство. 

Подготовките нашите каратисти ќе ги завршат на 3 ноември. На 4 истиот месец заминуваат за Софија, од каде со директен лет ќе се упатат во Мадрид. Светското првенство во главниот град на Шпанија ќе се одржи во периодот од 6 до 11 ноември. 

Список на натпреварувачи кои ќе настапат на СП во Мадрид, Шпанија: 

1. Емил Павлов - кумите (м) -60кг. 

2. Давид Петков - кумите (м) -67кг. 

3. Азиз Исмаил - кумите (м) -75кг. 

4. Берат Јакупи - кумите (м) -84кг. 

5. Мартин Несторовски - кумите (м) +84кг. 

6. Жарко Арсовски - кумите (м) екипно 

7. Петар Заборски - кумите (м) екипно 

8. Ферри Исиќ - ката (м) 

9. Сара Радичевска - кумите (ж) -50кг. 

10. Јована Георгиева - кумите (ж) -55кг. 

11. Наташа Стефановска - кумите (ж) -61кг. 

12. Моника Стефановска - кумите (ж) -68кг. 

13. Пулексенија Јованоска - ката (ж)