Во пресрет на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 20-22 август 2021 година во Тампере, Финска, вчера во салата при ООУ „Гоце Делчев“ од горно Лисиче се одржаа подготвителни тренинзи со младинската карате репрезентација. Тренингот го водеа тренерите-селектори во кумите Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини. На заедничкиот тренинг спарингуваа и неколку сениорски репрезентативци кои им спарингуваа на помладите натпреварувачи, а присуствува и неколкумина тренери чии клубови имаат натпреварувачи во овие селекции.