< назад

Весели бронзен на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес

Фахик Весели освои бронзен медал на Младинските олимписки игри кои се одржуваат во Буенос Аирес Аргентина. 

Во полуфиналето Весели загуби од Јапонецот Масаки Јамаока поради четири добиени казни. 

Претходно во групната фаза Весели забележа две победи против Абдала Хамад од Јордан со 1-0 и Родриго Тељо од Аргентина со 6-0 и еден пораз од Ал Асири од Саудиска Арабија со 4-0. 

Ова е историски прв медал за Македонија на МОИ како и прв медал откако каратето е примено во олимпиското семејство. 

Резултати на Весели на МОИ:

Групна фаза: 

1 коло: Фахик Весели – Мохамед Ајед Ал Асири (Саудиска Арабија) – 0:4
2. коло: Фахик Весели – Абдала Хамад (Јордан) – 1:0
3. коло: Фахик Весели – Родриго Тељо (Аргентина) – 6-0

1/2 финале: 

Фахик Весели - Масаки Јамаока 0-8 (четири добиени казни Ц2)