Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство кое се одржува во Дубаи. Тој во финалето не успеа да го совлада актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот, Стивен Да Коста каде беше поразен со 8-0.
На патот до финалето Павлов беше подобар од Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси во полуфиналето, а претходно ги победи и Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.
Ова е историски резултат за македонското карате и освојување на само втор медал од светските собири, втор по тој на Жарко Арсовски кој беше бронзен.