Ве известуваме за прес конференцијата на Карате федерацијата на Македонија пред настапот на 48-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Тампере, Финска од 20-22 август. Конкуренцијата на европските првенства секоја година е се посилна, за што потврда се пријавените 1008 каратисти од вкупно 45 земји.
На пресот ќе присуствуваат тренерите-селектори на националните селекции, Стојан Андриевски за кати и Александар Кузмановски за борби, како и двајца натпреварувачи кои ќе настапат на ова првенство.
Прес конференцијата ќе се одржи на 17 август (вторник), со почеток во 13 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт.