< назад

Без олимписка норма од Квалификацискиот турнир во Париз, Франција

Ве известуваме за постигнатите резултати на Квалификацискиот турнир „Токио 2020“ што се одржа од 11-13.06.2021 година во Париз, Франција.

Првиот ден и наш прв претставник беше Пулексенија Јованоска во дисциплината кати - жени, која освои 21,86 бодови во првото коло но недоволно за да се пласира понатаму.

Во дисциплината борби, прв настапи Емил Павлов во олимписката тежинска категорија -67кг и во првиот меч извојува победа против натпреварувачот Салиу Диуф од Сенегал со резултат 1:1 на судиско изјаснување. Во вторио меч изгуби со 0:4 од претставникот на Саудиска Арабија, Султан Алзахрани и тука го заврши својот настап.

Симона Заборска во категоријата -55кг жени во првото коло беше елиминирана од аргентинката Јамила Бенитез при резултат 0:1.

Вториот ден во категоријата -61 кг жени Вероника Костовска во првиот меч извојува победа од 6:0 против натпреварувачката од Австралија, Кристина Мах. Во вториот меч изгуби со 0:1 од хрватската натпреварувачка Ана Ленард.

Петар Заборски во категоријата -75кг мажи во првото коло го победи претставникот од Канада, Мохамад Никбакш со 1:0 а во вториот меч изгуби од Квентин Махуден од Белгија со 1:2.

Третиот ден Ангела Мојсовска во категоријата +61кг во првиот круг ја победи Еми Томасон од Нов Зеланд со 9:3 а во вториот меч изгуби против Фортеса Орана од Косово со 0:6.

И на крај од овој Квалификациски турнир настапи Берат Јакупи кој во првиот меч го победи американецот Брајан Ир со 3:0, во вториот меч победи против Никола Маловиќ од Црна Гора со резултат 1:0, во третиот меч извојува победа против гркот Јоргос Цанос со 5:0 а во четвртиот меч изгуби од унгарецот Даниел Молнар со 0:1.

Иако амбициите на нашите каратисти беа освојување на барем една норма сепак желбата не се оствари. На овој турнир големо признане и на Карате федерацијата на Македонија која успеа да испрати седуммина од максимум можни осум натпреварувачи.