< назад

Златен и бронзен медал на Медитеранското првенство во карате во Анталија, Турција

На 27мото Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори У21, Фахик Весели освои злато во категоријата У21 до 67 кг а кадетот Бојан Костов во категоријата до 52 кг освои бронзен медал.

Од вкупно осум наши натпреварувачки Доан Османи во категоријата У21 до 75 кг го освои петтото место, во категоријата ката јуниорката Владанка Аврамова го освои петтото место а Јована Манчевска исто така пето место во категоријата ката кадети.

Во рамките на Медитеранското првенство се одржа и Конгрес на МКФУ на кој Горан Милковски беше избран за член на Извршниот комитет со мандат од 4 години, а претседател останува г-динот Becir Sherif од Тунис кој е и потпретседател на Светската карате федерација.