< назад

Зимски судиско - тренерски семинар - 2023

Согласно правилникот за работа на СК на КФРСМ, во периодот од 10 до 12.02.2023 беше реализиран зимскиот редовен судиско-тренерски семинар. Истиот беше уредно најавен и се изведе во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

На него присуствуваа околу 30 тина судии и над 100 тренери и заинтересирани за новите судиски правила.

На 10.02 (петок) од 18:00 предавањето го слушаа судиите, а на 11.02.(сабота) од 17:00 тренерите. Во просториите на УТМС предавањето го водеше Боби Војдиновски. И на двете предавања беа објаснувани новите правила во ката и кумите воведени од СКФ од почетокот на оваа година. Предавањето беше интерактивно и се разјаснуваа нејаснотии и се одговараше на прашања на сите заинтересирани.

Во неделата продолживме со судискиот семинар, со тестот за ката и кумите. За ката полагаа 8 кандидати, а за кумите 14. Во истата сала продолживме со видео тренинг за ката, а потоа и практичен испит. По паузата за ручек, во салата на КК „Олимпик“ во Лисиче се реализираше и практичниот тренинг во кумите. Се објаснуваа новите правила и гестикулации на судиите. Потоа се премина на тренинг со натпреварувачи каде помогнаа натпреварувачи на КК „Шогун“ од Скопје како и за работа на записничка маса.

Практичниот испит во кумите беше веднаш по тренингот, по кој им се заблагодаривме на помошта на натпреварувачите и на претседатлот на натпреварувачка комисија Бранко Тасевски.

На крајот практично полагаа (изведба на кати) кандидатите за ката. Преку изведба на ката по избор и одговарање на прашања од комисијата, кандидатите го презентираа своето знаење.

Резултатите од испитот се следни:

Ката лиценца
Приправници 4 кандидати. Двајца со „линиски Б“ и еден со „линиски А“. Еден кандидат ја обнови лиценцата.

Кумите лиценци
Приправници 2 кандидати; за „линиски Б“ 2 кандидати; за „линиски А“ еден кандидат; за „рефери А“ еден кандидат. Двајца кандидати ја потврдија својата „линиски“ Б лиценца, а за полагање на следното лиценцирање беа упатени 6 кандидати.