< назад

Успешно одржан "онлајн" судиско тренерскиот семинар на КФМ

Карате федерацијата на Македонија го одржа летниот судиско-тренерски семинар којшто годинава требаше да се одржи кон крајот на август. За прв пат е направена видео конференциска врска на која што учествуваа повеќе од 70 тренери, судии, натпреварувачи и други спортски работници од областа на каратето. Семинарот го држеше претседателот на Судиската комисија на КФМ Боби Војдиновски.