< назад

Сребро како злато за Андреј Басаров, Биљали на 5-то место, Неделковски и Стојкова 7-мопласирани

Младите македонски каратисти настапија на првиот ден од 48-то европско првенство во карате што се одржува во Тампере, Финска, каде што се натпреврауваат околу 1000 млади каратисти од 45 држави. Првиот ден беа натпреварите за кати поединечно и во борби за кадети.

Најдобар пласман оствари Андреј Басаров во категоријата 70+ килограми кој освои сребрен медал. Во првото коло беше слободен, во второто го победи гркот Екторас Пергантис со 2:0, во третиот круг го победи романецот Алексанру Гулас со 3:0, во четвртото коло го победи Грузиецот Дугладѕе Тимоте со 1:0 и во финалето изгуби на изјаснување со резултат 0:0 и затоа тој медал има тежина на злато.

Иљи Биљали, беше многу блиску до медал, но заврши на 5-то место. Во категорија - 57 килограми Бињали во првото коло беше слободен, во второто загуби од Унгарецот Бенсе Девени со 0-1 но доби шанса во репасаж, затоа што противникот се пласираше во финалето. Во репасажните борби Биљали со 10-0 го победи Нико Форстингер од Лихтенштајн, потоа и Романецот Раду Карбонеану со 4-0, но во мечот за бронзен медал минимално поразен со 0-1 од Хрватот Доминик Соње.

Пласман на 7 место оствари Александар Неделковски, кој во У21 или помлади сениори дојде до третата фаза во кати. Во првата рунда од елиминациите имаше резултат од 24.80 поени, во втората 23.32 поени, а во борба за медали 23.88 поени. Нијанси го делеа од пласман на 5-то место, каде што Словакот Павел Солар имаше 23.92 поени, а освојувачот на бронзен медал Раул Ромеро од Шпанија 24.64 поени.

Идентичен пласман имаше и кадетката Данка Стојкова, која мина две фази во својата конкуренција и на крајот се пласира на 7-то место. Таа имаше 21.88 поени во првиот настап, потоа 23.66 во вториот, а во третата фаза заврши со резултат 22.08 поени.

Другите наши натпреварувачи завршија без позначаен пласман. Утре и во недела се натпреварите за јуниори и У21, како и екипните настапи.

За следење на резултатите во живо можете да се вклучите на
https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=467#a_eventhead
...

Поопширно за сите информации од каратето на следните линкови
www.wkf.net
www.kfm.com.mk