< назад

Сребрени медали за Стефан и Витомир на Светското првенство во Коња, Турција

На последниот ден од Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сеноири У21, настапија двајцата наши натпреварувачи кој во финалето во категорија -84 кг настапи Витомир Трајковски против италианецот Фиоре Матео иако го даде својот максимум не беше доволно да извојува победа и да освои златен медал , на крај резутатот заврши 4-1 за италианскиот репрезентативец . Витомир Трајковски е вицешапион на Свет во карате во својата категорија.

Веднаш по него и вториот наш натпреварувач Стефан Стојановиќ во категорија +84 кг изгуби од репрезентативецот на Саудиска Арабија Суфјани Санад со резултат од 6-1 , тој го освои високото второ место сребрен медал на ова Светско Првенство .  Овој резултат е до сега најдобриот резултат во категорија У21 и воопшто на светските првенства каде што настапила Македонија два медали сребрени со што сме на високата 20 позиција од вкупно 1800 натпреварувачи и вкупно 105 земји од целиот свет . На ова првенство нашиот Судија Раде Стефановски се здоби со најголемата Светска судиска лиценца во Кати и во Борби што е уште еден показател дека КФМ работи успешно со сите тела и комисии и затоа со право го носи епитетот една од најдобрите  национална  федерација во Македонија.

Целиот тим на Карате Федерација на Македонија е задоволен од историскиот резултат и потенцираа  дека се очекуваше злато , Но не застануваме тука не очекува многу работа наредната недела Балканско првенство во Бар Црна Гора и одма после тоа ќе се спремаме за Европското првенство другата година во Кипар 2023.

Натпреварувачите и целата делегација беа на висина на својата задача мотивирано и сите заедно сложно до крај дадоа подршката во остварување на конечниот  резултат .

На Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 настапуваа вкупно 1859 каратисти од 105 држави.