< назад

Прес конференција по повод настапот на младинската карате репрезентација на ЕП во Будимпешта, Унгарија

Карате федерацијата на Македонија по повод претстојното 47. Европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, денес во просторијата на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција. На истата беа присутни селекторот-тренер на кадетско-јуниорската репрезентација за борби Александар Кузмановски, селекторот-тренер за постари јуниори У21 Арлинд Хусеини како и селекторот-тренер за кати Стојан Андриевски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски потенцираше дека каратето во континуитет остварува врвни резултати, а Карате федерацијата е позитивен пример за успешна спортска организација. Минатата година имавме најдобри резултати со две златни и две сребрени медали, а годинава и покрај смената на генерации, очекуваме нови спортски подвизи од младите каратисти. 

Во своето излагање селекторите во поедини возрасни категории и дисциплини истакнаа дека се задоволни од своите натпреварувачи и од нивната подготвеност и очекуваат успешен настап и медали на претстојното европското првенство.

Натпреварите ќе се одржат од 7 до 9 февруари во олимписката спортска сала "BOC" во Будимпешта, која е со капацитет од 10.000 седишта. На листата на пријавени има рекордни 1155 млади каратисти од 52 земји, меѓу кои се и 34 македонски спортисти.

Делегацијата на Карате федерацијата на Македонија е составена од 48 лица.
Во прилог е листата на натпреварувачи, тренери, судии и официјални лица.

1 Бесник Мурати Шеф на делегација
2 Горан Милковски Делегат
3 Ѓоре Дервишов Доктор
4 Бошко Заборски Помошнник тренер
5 Арлинд Хусеини селектор trener
6 Александар Кузмановски селектор trener
7 Ивана Аврамова селектор trener
8 Боби Војдиновски судија
9 Раде Стефановски судија
10 Петар Белистојановски Помошник тренер
11 Критијан Младеновски Клубски тренер
12 Алим Хајредини Клубски тренер
13 Хамза Зулали К + 70 кг.
14 Вегим Мурати У 21 – 84 кг.
15 Кренар Џафери У 21 + 84 кг.
16 Столе Смилковски У 21 – 60  кг
17 Марко Костов У 21 – 75  кг
18 Марио Свинарски Ј – 68 кг.
19 Бојан Костов Ј – 55 кг.
20 Ѓорѓи Петров Ј – 61 кг.
21 Бериз Куртановиќ Ј + 76 кг.
22 Лупче Михајлов К – 57 кг.
23 Матеј Белистојановски К – 52 кг.
24 Александар Неделковски Ј Ката
25 Марко Смилевски К – 63 кг.
26 Стефан Стојановиќ Ј – 76 кг.
27 Витомир Трајковски К – 70 кг.
28 Георги Бановски У 21 Ката
29 Роберто Ацковски У 21 – 67 кг.
30 Верона Ајдини У 21 – 55 кг.
31 Вероника Костовска У 21 – 61 кг.
32 Сајра Морина У 21 – 68 кг.
33 Теодора Цветковска У 21  Ката
34 Драгана Манговска У 21 – 50 кг.
35 Марија Петровска Ј – 48 кг.
36 Марија Милева Ј – 53 кг.
37 Магдалена Божиновска Ј – 59 кг.
38 Арта буши  К – 54 кг.
39 Јусра Адеми К + 54 кг.
40 Мартина Шахинова Ј +  59 кг.
41 Јована Манчевска Ј Ката
42 Михаела Мишовска К – 47 кг
43 Давид Спасовски К – Ката тим
44 Кристијан Бајовски К – Ката тим
45 Христијан Андриќ К – Ката тим
46 Андреа Алексовска К – Ката тим
47 Маратина Арсовска К – Ката тим
48 Теа Гашева К – Ката тим