Со примена на сите мерки за заштита од COVID-19 препишани од надлежното Министерство за здравство, на 29 јануари 2022 година во главната сала при домот „Даре Џамбаз“ во Скопје, Карате федерацијата на Македонија го одржа своето редовно годишно собрание. Беа разгледани и усвоени извештаите за работата во изминатата 2021 година како и финансиските извештаи, годишната програма и финансискиот план за 2022 година. Во изминатата 2021 година и покрај потешкотиите за реазицација на програмата поради пандемијата со корона вирусот COVID-19, истата претставува една од најуспешните во нејзината историја.
За потсетување за прв пат каратето беше присутно на летните олимписките игри во Токио, на кое Пулексенија Јованоска го освои дететтото место. На Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 Столе Смилковски освои сребро во катеријата У21, Стефан Стојановиќ освои јуниорско злато, Матеј Белистојаноски бронза за јуниори а Андреј Басаров сребро за кадети. Секако најголем успех претставува историскиот резултат, сребрениот медал на Емил Павлов освоено на Светското првенство за сениори до Дубаи. На истиот настан имавме одлично преставување и од нашиот надежен каташ Александар Неделковски со освоеното седмо место како и на кумите тимот кој исто така се врати со освоено седмо место. На Изборот на Спортисти за 2021 освоивме спортски оскар за најдобра млад спортист за Столе Смилковски.
На ова собрание делагатите донесоа одлука и за промена на името на федерацијата согласно преспанскиот договор во Карате федерација на Република Северна Македонија. Бидејќи ова беше и изборно собрание се спроведе и тајно гласање за избор на нов претседател на федерацијата. По пребројувањето на гласачките ливчкиња со огромно мнозинство на гласови од делегатите се избра Петар Белистојаноски да биде претседател на федерацијата во наредните четири години.
На крајот новиот претседател Петар Белистојаноски, се заблагодари на укажаната доверба и на кратко го претстави своето видување и начин на функционирање на федерацијата по што предложи и своја листа на членови на извршен одбор во состав:
1. Петар Белистојаноски - претседател
2. Бошко Заборски - член
3. Кристијан Младеновски - член
4. Бесник Мурати - член
5. Алим Хајредини - член
6. Ивана Аврамова - член
7. Дејан Чолески - член
8. Мартин Несторовски - член
9. Арлинд Хусеини - член
Истиот предлог беше едногласно усвоен од делегатите по што заврши работата на собранието.