Карате федерацијата на РС Македонијата, на 11 февруари 2023 година, во просториите на Универзитот за туризам и менаџмент во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание. Собранието во конструктивна и демократска атмосвера расправаше по точките од доставениот дневен ред и со мнозинство гласови ги усвои предложените измени и дополни на Стаутот на Федерацијата, на Правилникот за работа на Дисциплинската комисија, Извештајот за работа за 2022 година, Финансискиот извештај и Завршната сметка за 2022 година, Програмата за работа и Финансискиот план за 2023 година, а донесе и одлуки за престанок на членство на карате клубови со бришење од евиденција и за прием на нови клубови во членство на КФРСМ.
На Собранието беше констатирано дека минатата 2022 година, според постигнатите резултати на меѓународен план, може да се оцени како многу успешна. И покрај паузата предизвиката од пандемијата со КОВИД 19 ова година продолжи со успешно темпо.
Со максимална ангажираност и безрезервна посветеност успешно се одржаа сите државни првенства, купови и клубски турнири кои беа предвидени во Годишната програма, за работа и успешно беа одредени репрезентациите кои не преставуваа на меѓународните првенства.
Сениорската репрезентација целосно финансирана од КФРСМ по реализираните подготовки во Велес и Софија и учествуваше на Европското првенство во Газиантеп, Турција. За респект е постигнатиот успех на Петар Спасеноски од КК „Макпетрол“ кој освои брознен медал и се стекна со стипендија од светска категорија, а Вероника Костовска од КК „Олимпик спорт 2007“, која за жал несреќно загуби во борба за бронзен медал, го освои петтото место и се стекна со стипендија од меѓународен ранг.
На Балканското првенство за деца, сениори и ветерани Федерацијта постигна одлични резултати.
Репрезентацијата на кадетите, јуниорите и У21, по реализираните подготовки во Велес и Дојран, учествуваше на Европско првенство во Прага, Чешка, и го продолжи континуитетот на освојување медали. Љупче Михајлов од КК „Штип“ во категоријата јуниори го освои бронзениот медал, а беа и освоени и две петти места на Стефан Стојановиќ од КК „Макпетрол“-Скопје и ката тимот на КК „Фунакоши Гичин“-Скопје. На ова првенство кандидатите од КФРСМ Маја Војдиновска, Клементина Војдиновски и Ангела Ангелковска се стекнаа со титула европски судии, што покажува дека и покрај сите проблеми, Федерацијата успешно функционира покрај во натпреварувачката и во тренерската и судиската организација.
Нашиот најуспешен натпреварувач на сите времиња Емил Павлов од КК „Штип“ –Штип, кој беше целосно финансиран од Федерацијата, покрај реализираните подготовки во Дојран беше и на 10-ти дневен камп во Швајцарија и учествуваше на Светските игри во Бирминген, САД.
Репрезентацијата за кадети, јуниори и помлади сениори У21 која не претставуваше на најголемиот планетарен собир Светското првенство во Коња, Турција во комплетен состав, за прв пат подготовките во Дојран, опрема, котизација, пат, сместување и исхрана целосно е покриено од Федерација. На ова првенство постигнат е најголемиот резултат во историјата на КФРСМ. Освоени се две вицешампионски титули во категоријата помлади сениори У21 од страна на Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски од КК „Макпетрол“-Скопје.
На ова првенство со светско звање се стекна и судијата Раде Стефановски.
Федерацијата имаше успешен настап и на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Бар Црна Гора.
Се работеше напорно, имаше многу непреспани ноќи, се учеше од некои грешки, се поправија некои работи, иако имавме еден куп опструкции, сепак целата структура на КФРСМ од клубови, тренери, селектори, директор на репрезентација, ИО, НО, судиска комисија, натпреварувачка, лекареска, дисциплинска, комисија за комесари, а најмногу натпреварувачите и репрезентативците беа на висина на задачата и успешно и достоинствено ја презентираја КФРСМ на домашен и меѓународен план.
Главните цели во иднина остануваат исти, остварување на врвни резултати и презентација на Федерацијата на највисоко ниво пред се, на европските и светските првенства.
Собранието за нови членови во Извршниот одбор ги избра Боби Војдиновски, Шкодране Дардишта и Валентина Пурдеска. За нов претседател на Одборот за контрола беше избран Идриз Билибана а за нов член Александар Филиповски.