< назад

Одржани државното првенство и „плеј оф“ натпреварите за кадети, јуниори и помлади сениори (У21)

Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје викендов на 16 и 17 ноември 2019 година, се одржаа Државното првенство и „плеј оф“ натпреварите за кадети, јуниори и помлади сениори У21. На Државното првенство вкупно беа пријавени 43 клубови со 210 пријави, а на „плеј оф“ натпреварите настапија 35 клубови со 112 пријави на натпреварувачи.

На свеченото отворање свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, кој и официјално го прогласи првенството за отворенo. Ова натреварување беше критериумско за настап на претстојното балканско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) кое ќе се одржи од 6-8 декември во Брежице, како и за европското првенство во Будимпешта од 6-9 февруари 2020 година.

Целосните резултати од Државното првенство и плеј - оф натпреварите за кадети, јуниори и помлади сениори У21 можете да ги проследите на следниве линкови:

Државно првенство за кадети, јуниори и У21Резултати од Државно првенство за кадети, јуниори и У21

 

Целосен извештај со пласмани од Државно првенство за кадети, јуниори и У21 

 

Резултати од Плеј оф натпреварите за кадети, јуниори и У21

 

Целосен извештај со пласмани од Плеј оф натпреварот за кадети, јуниори и У21