< назад

Одржан државниот изборен турнир за кадети, јуниоири и постари јуниори У21

На ден 04.12.2021 година (сабота) во Гостивар се одржа државниот изборен турнир за кадети, јуниоири и постари јуниори У21. На турнирот настапија 213 натпреварувачи од вкупно 46 клубови.

На церемонијата на свеченото отворање се обрати потпретседателот на Карате федерацијата на Македонија Бесник Мурати, а честа да го отвори турнирот му припадна на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари.

Најуспешен клуб на турнирот беше КК „Макпетрол“ од Скопје со освоени 9 медали од кои 7 златни.