< назад

Младите каратисти на прием кај директорот на АМС Дарко Каевски

По повод освоениот бронзен медал и успешниот настап на нашите млади каратисти на настапот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кое се одржа во Сантјаго, Чиле, денес директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Дарко Каевски организираше свечен прием.

Од седум натпреварувачи најуспешен беше Бојан Костов кој во кадетска категорија до 52 килограми го освои бронзениот медал. Во борба за медал беа и Ангела Мојсовска која го освои 5. место во категоријата до 68 килограми во помлади сениори У21 и Александар Неделковски кој исто така го загуби мечот за бронза во ката кај јуниорите. Свој настап на првенството имаа и Вероника Костовска во У21 до 61 килограм, Фахик Весели У21 -67 килограми, Доан Османи У21 -75 килограми и Владанка Аврамова ката јуниорки.