При рангирањето на натпреварувачите се земени резултатите остварени во периодот од септември 2011 до август 2012 година на следните натпревари: Балканкото првенство за натпреварувачи од 11-14 години , кадети и јуниори, одржано во септември 2011 во Кипар, Медитеранското првенство за кадети и јуниори, одржано во септември 2011 во Бари, Италија, Светското првенство за кадети и јуниори, одржано во октомври 2011 во Малезија, Европското за кадети и јуниори, одржано во февруари 2012 во Баку, Азерјбеџ, Балканското првенство за натпреварувачи од 11-14 години во март 2012 година, во Херцег Нови, како и Државните првенства за натпреварувачи од 11-14 години, кадети, јуниори и јуниори до 21 година.
Резултатите и листата на стипендисти предложени до Агенцијата за млади и спорт можете да ги симнете овде.