< назад

КФМ ги прогласи најдобрите за 2020 година

Во Конференцискиот центар при СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа изборот за најдобри клубови, тренери и натпреварувачи за 2020 година.

За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кумите беа прогласени Емил Павлов во машка и Вероника Костовка во женска конкуренција. За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуреницја во кати беа прогласени Ферри Исиќ во машка и Пулексенија Јованоска во женска конкуренција.

За најдобар младински и сениорски клуб беше прогласен карате клубот „Макпетрол“ а за најдобар младинки и сениорски тренер Бошко Заборски.

Во младинските категории за најдобри се прогласени:

Најуспешни сениори до 21 година:
Ката сениори до 21 година машки ГЕОРГИ БАНОВСКИ од КК „Гладијатор“ - Велес;
Ката сениори до 21 година женски ТЕОДОРА ЦВЕТКОСКА од КК „Вардар“ – Скопје;
Кумите сениори до 21 година машки РОБЕРТО АЦКОВСКИ  од КК „Макпетрол“ – Скопје;
Кумите сениори до 21 година женски ВЕРОНА АЈДИНИ од КК „Форца“ – Скопје;

Најуспешни јуниори;
Ката јуниори машки АЛЕКСАНДАР НЕДЕЛКОВСКИ од КК „Металург“ – Скопје;
Ката јуниори женски ЈОВАНА МАНЧЕВСКА од КК „Фунакоши Гичин“ – Скопје;
Кумите јуниори машки БОЈАН КОСТОВ од КК „Олимпик Спорт 2007“ – Скопје;
Кумите јуниори женски МАГДАЛЕНА БОЖИНОСКА од КК „Олимпик Спорт 2007“ – Скопје;

Најуспешни кадети:
Ката кадети машки ДАВИД СПАСОВСКИ од КК „Фунакоши Гичин“ – Скопје;
Ката кадети женски МАРТИНА АРСОВСКА од КК „Гладијатор“ – Велес;
Кумите кадети машки МАТЕЈ БЕЛИСТОЈАНОСКИ од КК „Спорт 94“ – Прилеп;
Кумите кадети женски АРТА БУШИ од КК „Кеикс“ – Скопје.

Во прилог и целосниот список со сите номинации.

Галерија: