Карате федерацијата на Македонија го организира Државното првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое ќе се одржи во деновите 19 и 20.06.2021 (сабота и недела) во салата „Крсте Мисирков“ при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје.
За ова првенство пристигнати се 260 пријави од 50 карате клуба со вкупно 232 каратисти – кадети, јуниори и помлади сениори У21, во машка и женска конкуренција, во дисциплините кати и борби.
Според сатницата, во двата дена турнирот ќе започне во 10:00 часот. Натпреварите во борби се закажани за првиот ден 19ти додека на 20ти јуни ќе бидат сите натпревари во кати како и помладите сениори во борби.
Настанот ќе биде организира без присуство на публика, согласно добиените протоколи од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
За повеќе информации од ова првенство на следниов линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=5963#a_eventhead