Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Карате федерацијата на Македонија и Општинскиот Сојуз на училишен спорт на Кавадарци, на ден 07.06.2019 година (петок) во Кавадарци ќе одржи Државно првенство во КАРАТЕ - КАТИ за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција.
Првенството ќе се одржи во спортската сала „Партизан“ по следнава саатница:
до 09:30 часот пријавување и ждребање на натпреварувачите
во 10:00 часот почетока на натпреварите.
Сите натпреварувачи настапуваат со членска книшка на ФУСМ, или натпреварувачки картон на КФМ и список заверен во училиштето со име и презиме на натпреварувачот, училиште, град и име и презиме на наставникот водач.
ПРАВО НА УЧЕСТВО: Основни училишта родени 2003 и помлади.
Средни училишта родени 1999 и помлади.
Возрасни категории (одделенија и класови) - КАТИ:
I. Четврто и петто одделение - машки и женски
Учениците помлади од 9 години од прво, второ и трето одделение може да настапат ревијално.
(Пропозиции: ката по избор, со право на повторување во секој трет круг)
II. Шесто и седмо одделение - машки и женски
(Пропозиции: ката по избор, без право на повторување)
III. Осмо и деветто одделение-машки и женски
(Пропозиции: ката по избор, без право на повторување)
IV. Прва, втора, трета и четврта година од средни училишта-машки и женски (Пропозиции: WKF правила)
Заради избегнување на гужвата при пријавувањето на лице место и правовремено отпочување на натпреварот пријавата за учество ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достави по електронски пат на zoran.dervisov@gmail.com и brankotasevski@gmail.com најдоцна до 05.06.2019 год. Пријавата да содржи име и презиме, одделение, клас, училиште и град.
Пријави на лице место нема да се примаат.
Првопласираните учесници (прво, второ и две трети места) добиваат медал и диплома.
Првопласираните во сите категории се здобиваат со право за учество на спортскиот камп во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.
Лице за контакт: МИЛАН КОЛЕВ - 070/319-622