< назад

Допис од Антонио Еспинос, претседателот на Светската карате федерација

Сметаме дека ова е добра можност да се заокружи сегашната состојба и она што можеме да очекуваме во наредните неколку месеци. Глобалната пандемија на коронавирусот ги погоди сите земји ширум светот.

Од откажувањето на Премиер лигата во Рабат и нејзната минатата недела, се соочивме со нови откажувања и одложувања на настани, така што во моментов е неизвесно кога оваа состојба ќе се подобри на начин што ќе ни овозможи да продолжиме со нашата активност.

Засега, можеме да очекуваме дека ќе се одржи следниот настан е квалификацискиот настан за Токио, кој првично беше закажан за мај, а неодамна беше одложен за јуни, при што по тројца спортисти по категорија ќе добијат виза за Олимпијадата во Токио. Сите други активности вклучени и исклучени од календарот на Светската карате федерација (WKF) се откажани. Ова се навистина лоши и незапамтени вести, но ситуацијата во светот не нуди никакви алтернативи.

Ако поради актуeлнте состојби не можеме да го одржиме нашиот квалификационен турнир, Комисијата за планирање и Извршниот комитет на WKF ќе работат на анализирање на најдобрите алтернативи. Имаме одржано вкупно 21 настан како дел од Олимписките квалификации, односно реални и објективни резултати врз што ќе ја базира нашата работа.

Ние ќе ве ажурираме за развојот на настаните во текот на наредниот период. Ова е ситуација која брзо се менува и во ова време невозможно е да се утврди што ќе се случи не само во наредните недели, туку и во наредните денови.

Во меѓувреме, Меѓународниот олимписки комитет потврди дека Игрите во Токио ќе се одржат според планираниот распоред и ова е основната претпоставка што ја земаме во сите наши проценки. Сепак, спортистите од многу земји се соочуваат со големи пречки во нивните тренажни програми, а квалификациските системи се исто така погодени од ситуацијата. Сите спортисти го заслужуваат правото да се натпреваруваат на еднаква основа, со еднакви можности и веруваме дека сите вклучени институции ќе обезбедат гаранција на исполнување на овој важен услов.

Сумирајќи, сега кога ја завршивме првата фаза од квалификациите во Токио, ќе се концентрираме на втората, а тоа се квалификациите во јуни, и ќе продолжиме фокусирани и подготвени да се соочиме со сите потребни мерки за адаптација во развојот на настаните, што без какво било сомневање ќе дојде во наредните денови и недели. Имаме целосно разбирање со вашето разбирање и за вашата соработка. Со заедничко работење, можеме да го постигнеме она што инаку би било невозможно да се постигне.