По повод настапот на нашата најдобра каташка Пулексенија Јованоска на олимписките игри „Токио 2020', пристигна признание и од првиот човек на WKF Антонио Еспинос. Меѓу другото ова претставува големо признание и до Карате федерацијата на Македонија која ужива голем авторитет во WKF. Во продолжение и писмото од претседателот Еспинос во целост:
Почитувана Пулексенија,
Како што истакнав многу пати во текот на изминатите денови и недели, каратето влезе во историјата со ова издание на Олимписките игри во Токио. Како еден од ретките спортисти кои се квалификуваа за учество на овие игри без сомнение и вие исто така сте дел од историјата.
Низ долгиот пат кој не одведе до Олимписките игри во Токио, WKF и каратето, како и вие како спортист, надминавте повеќе пречки отколку не би се очекувало на почетокот на оваа патека. Како и да е, откако успешно го претствавивме каратето во Токио пред само неколку дена, заложбите низ ова патување се покажаа секако наградувачки.
WKF и карате семејството имаат чест да сметаат на вредни амбасадори на нашиот спорт, како што вие, широко го демонстриравте духот и квалитетот на каратето во целина. Ние ќе продолжиме да работите за нашите цели, вклучително и прием на каратето во постојана олимписка спортска програма, за да им се овозможи на сегашните и идните генерации да ги следат вашите чекори како олимпиец.
Со почит,
Претседател на WKF
Антонио Еспинос