< назад

Честитка од премиерот на Јапонија Јошихиде Суга за јубилејот на WKF

Продолжуваат честитките по повод големиот јубилеј 50 години од основањето на Светската карате федерација.

Премиерот на Јапонија Јошихиде Суга и ја честиташе на Светската карате федерација 50-годишнината од основањето на меѓународното тело за управување со Карате. Г-динот Суга го пофали спортот во карате и изрази ентузијазам пред олимпиското деби на оваа дисциплина во видео порака испратена до WKF.

„Имаме решеност да ги одржиме Олимписките и Параолимписките игри Токио 2020 како симбол на човечка отпорност за надминување на COVID-19. Ова мора да биде единствена можност за ширење на вредностите и традициите на јапонските боречки вештини на светот“, рече г-дин Суга.

За повеќе информации на следниов линк.