Прв ден на кадетското ЕП во Алборг, Данска и веднаш медал за Македонија. Нашиот преставник Бојан Костов стигна до финалето во категоријата до 52 килограми и загуби, што беше доволно за сребро.
Бојан Костов е вицешампион на европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниорки. Тој до финалето издвојува четири победи: против Себастијан ван Тефелен (Холандија), Јакуб Џернички (Словачка), Метеа Бустеми (Италија) и Мухамед Оздемир (Германија). Во мечот за златото загуби од Русинот Ахмет Ахмедов со 0-8.
Засега ова е прва медал на ЕП за нашите каратисти, но остануваат уште два дена, па можеме да очекуваме уште некој.