Во просториите на Агенцијата за млади и спорт денес се одржа прес конференција по повод настапот на македонските каратисти на 46. Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое ќе се одржи од 08 до 10 февруари во Алборг, Данска.
На истата директорот Дарко Каевски им посака успех и меѓу дрогото напомена дека „Карате федерацијата на Македонија по традиција во последните неколку години остварува врвни резултати и на речиси секој настап на меѓународен план. Со последниот освоен медал во Сочи, Фахик Весели стана европски вицешампион и заслужено ја понесе титулата најдобар млад спортист на Македонија за 2018 година“ истакна Каевски.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на своите патеки, во насока на поддршка на спортистите и Националните спортски федерации, особено кога станува збор за федерации кои веќе подолг временски период важат за најдобро организирани, а тука секако влегува Карате федерација на Македонија.
„Радува податокот за зголемениот интерес и масивноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, и го оправдува петдецениското постоење на каратето во Македонија“ нагласи Каевски.
Македонија на ова првенство ќе настапи со 29 каратисти во сите категории, а ќе ги одмери силите во конкуренција на 1092 каратисти од 51 држава.
На истото првенство нашиот тим ќе настапи со следниве натпреварувачи:
Петар Спасеновски - У21 -84кг
Глигор Петков - Јуниор +76кг.
Стефан Стојановиќ - Кадет -70кг.
Абдурахим Идризи - Јуниор -55кг.
Ангела Мојсовска - У21 -68кг.
Матеа Талеска - У21 Ката Индивидуално
Илир Бајрами - Јуниор -61кг.
Омер Муслији - Кадет -63кг.
Доан Османи - У21 -75кг.
Стефан Апостоловски - У21 -67кг.
Букурије Селими - Јуниорки -48кг.
Верона Ајдини - У21 -50кг.
Ивона Станковска - Кадет -47кг.
Јована Манчевска - Кадет Ката Индивидуално
Сара Крстевска - У21 -55кг.
Вероника Костовска - У21 -61кг.
Марија Милева - Јуниорки -53кг.
Магдалена Божиновска - Кадетки +кг.
Симона Симовска - У21 +68кг.
Кренар Џафери - У21 +84кг.
Мевлуд Мемеди - У21 -76кг.
Александар Неделковски - Ката Јуниор Индивидуално
Антонио Додиќ - Кадет +70кг.
Кристијан Бајовски - Ката Кадет Индивидуално
Бојан Костов - Кадет -52кг.
Столе Смилковски - У21 -60кг.
Марио Свинарски - Јуниор -68кг.
Миа Маневска – Ката - Екипно
Стефанија Грозданова – Ката - Екипно
Владанка Аврамова – Јуниори – Ката - Екипнo + Индивидуално