< назад

Павлов и Јованоска ќе се борат за бронзени медали

Европскиот шампион Емил Павлов и Пулексенија Јованоска се пласираа во мечевите за медали на 54 европско првенство во карате, на кое учествуваат 508 каратисти од рекордни 51 земја. Во категорија - 60 килограми Павлов имаше 3 победи и пораз во полуфиналето, со што обезбеди најмалку 5 место. Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година двапати беше европски шампион, во 2014 година во Тампере и минатата година во Нови Сад, а во 2016 година во Монпелје освои бронзен медал.

Во натпреварите во кати според новиот систем на бодување Пулексенија Јованоска мина 3 кола и обезбеди меч за бронзен медал.Нашата најдобра натпреварувачка во кати пред три години во Монпелје оствари пласман на 5 место, што е досега најдобар резултат во оваа дисциплина во поединечна конкуренција.

Три одлични борби имаше и Берат Јакупи, кој во категорија - 84 килограми загуби во четвртото коло, но како и на светското првенство во Мадрид немаше среќа да се бори во репасаж. Од другите натпреварувачи, Наташа Стефановска стигна најдалеку од каратистките во борби, со 2 победи во категорија - 61 килограм.
Утре на програмата на европскиот шампионат се борбите во екипна конкуренција, на кои ќе настапат нашите каратистки и каратисти во борби. Борбите за  бронзени медали се во сабота од 9.30 до 11.30 часот, кои ќе се пренесуваат во живо на karateworld.tv каде што ќе настапат Павлов и Јованоска.

Комплетните резултати може да ги погледнете на следните линкови, на кои има и повеќе информации за европското првенство
https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=254#a_eventhead

https://www.wkf.net/news-center-new/where-to-watch-ekf-european-karate-championships/916/