Михаела Мишовска постигна одличен успех освојувајќи го сребрениот медал на Европското првенство за сениори во Задар, Хрватска, со кој Македонија се вброи во нациите кои освоија медали на шампионатот.
Во финалето Михаела загуби од Хрватката Ема Сгардели со резултат 0-8 (0-1, 0-3, 0-4, 0-7, 0-8).
Петар Заборски во борбата за бронзениот медал против не успеа да го победи Тијаго Дуарте од Португалија и на крајот се пласираше на петтото место.
Машките тимови во кумите и кати успеаа да се пласираат на седмо место.
На ЕП настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.
Ова се постигнатите резултати на од мечовите на Михаела Мишовска и Петар Заборски:
Борби, жени -50 кг
Михаела Мишовска – Ерминија Пефето (Италија) 7-7
Михаела Мишовска – Маријами Васадѕе (Грузија) 5-4
Михаела Мишовска – Корал Амос (Израел) 2-2
Полуфинале
Михаела Мишовска – Стилијани-Елени Цилија (Грција) 4-1
Финале
Михаела Мишовска – Ема Сгардели (Хрватска) 0-8
Борби, мажи - 75 кг
Петар Заборски – Даниел Сантионеану (Романија) 2-0
Петар Заборски – Евангелос Серметакис (Грција) 2-1
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-0
Полуфинале
Петар Заборски – Иван Мартинац (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Заборски – Тијаго Дуарте (Португалија) 1-2