Карате федерацијата на Македонија изразува сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани.
Не постојат соодветни зборови со кои може да се опише тагата и болката што ја чувствуваме после големата трагедија што се случи во Кочани.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.