< назад

Првиот ден од настапот на Балканското првенство за сениори и ветерани проследен со многу успеси

Македонската сениорска репрезентација успешно го започна настапот на Балканско Првенство за сениори и ветерани што се одржува во Будва - Црна Гора каде настапија нашите репрезентативци.
На овој голем настан учество земаа 12 држави со 350 натпреварувачи каде на првиот ден од ова балканско првенсто се постигна следниве резултати:
- Михаела Мишовска во категорија -50 кг. го освои  бронзениот медал
- Сара Дука во категорија -50 кг. го освои  бронзениот медал 
- Јована Мицовска во категорија -61 кг. го освои  златниот медал 
- Викторија Јовановска во категорија -61 кг. го освои сребрениот медал 
- Магдалена Божиноска во категорија -61 кг. го освои бронзениот медал 
- Ангела Мојсовска во категорија -68 кг. го освои  бронзениот медал 
Со тоа денешниот настап заврши а утре следуваат борбите во машка и настапот во кати во женска конкуренција.